Поранешен вработен во иранското Министерство за одбрана, кој продавал информации на американската Централна разузнавачка агенција, е егзекутиран минатата недела, потврди иранското Обвинителство.

За време на последните неколку години од неговото работење во Министерството за одбрана, Реза Асгари соработувал со ЦИА и продавал информации за иранската ракетна програма.

Асгари се пензионирал пред четири години.

Портпаролот на иранското обвинителство рече дека меѓу оние кои чекаат извршување смртна казна е и Махмуд Мосави-Мајд, Иранец, обвинет дека работел како шпион за американската и израелската разузнавачка служба.

Иран минатата година објави дека уапсиле 17 шпиони за кои се тврди дека работеле за американската Централна разузнавачка агенција.


Администратор
14/07/2020 16:17