Унгарската ракометна федерација го претстави дизајнот на новата спортска сала која ќе се изгради за Европското ракометно првенство во 2022 година. Унгарија и Словачка заеднички ќе бидат домаќини на првенството.

Салата ќе има капацитет од 20.000 посетители, и ќе може да се користи и за низа други спортови – кошарка, тенис, лизгање, па дури и јавачки и мото-спортови.

Балаж Фурјеш, државниот министер за главниот град Будимпешта, рече дека салата, која ќе биде изградена до автобускиот терминал Неплигет, ќе биде само-финансирана, односно нема да претставува товар за даночните обврзници.