Романот „Еретички писма или наоѓајќи ги небата што сјаат црвено“ од Стефан Марковски деновиве беше објавен на повеќе платформи за книги на англиски јазик.

Романот е достапен во печатена и електронска форма преку сајтовите на „Барнс енд Нобајл“, ланец од над 600 книжарници ширум САД, „Бејкер енд Тејлор“, „Толино“, „Епл Букс“, „Смашвордс“, француската книжевна платформа „Вивлио“ и други платформи за литература во печатен и дигитален облик, како и библиотеки.

Романот може да се добие во печатен облик во книжарниците на овие платформи или во дигитален формат преку онлајн нарачка, како и преку Амазон, каде беше првично објавен.

Преводот на романот од македонски на англиски јазик е на Марковски, додека лектурата на англиски јазик е дело на Марија Петковска.

Македонското издание на книгата беше објавено во 2018 година од Издавачкиот центар „Три“.