Новата книга на Сања Мучкајева Видановска „И Боговите имаат интернет“ денеска ќе биде промовирана пред платото на Центарот за култура во Битола. Книгата е во издание на издавачката куќа Матица.

Презентерите Симеона Павловска и Валентин Дамчевски и промоторите проф. д-р Снежана Мојсовска Саламовска, Мартина Павловска Дурланова и Мартин Николовски ќе се погрижат промовирањето да биде на единствен, примамлив и поинаков начин.

– Што би се случило кога случајно би се појавил стариот дневник пишуван пред речиси четириесеттина години? Пишуван од тинејџерка која живееше во држава која одамна не постои, а читан од сега средовечната жена и мајка. Дали разликите од тоа време и денешницата се предизвик за една мајка која збунета се наоѓа во расчекор меѓу една цела родителска генерација од социјализмот, принудена да воспитува деца на капитализмот, стои во најавата за книгата.