Во рамките на Велешкото културно лето 2020 вечерва во 19 часот во Ликовниот салон во Велес ќе се одржи Концерт на класична музика „Сербез класика“, со настап на Градскиот камерен оркестар и солисти под диригенската палка на маестро Илија Настовски.

Концертот првично требаше да се одржи изминатата сабота на отворено на сцена во Амфитеатарот на Младинскиот парк, но поради врнежите од дожд беше одложен.

Сите посетители на концертот како и на претходните настани од „Велешко културно лето 2020 “ задолжително треба да носат заштитна маска, а организаторите Општина Велес ги почитуваат сите протоколи за заштита од Ковид-19, мерење на температура при влегување на посетителите и распоредуввање за седење на пропишано растојание.