Дел од албанските медиуми објавија информација со фотографија на која се гледа како поранешниот директор на УБК и сегашен иницијатор за промена на раководството на ВМРО - ДПМНЕ, Сашо Мијалков седи на кафе средба со новиот прв вицепремиер и генерален секретар на ДУИ, Артан Груби.

Нема дополнителни податоци од кога е фотографијата и која е целта на средбата. Пишува само дека Мијалков и Груби се сретнале во еден скопски хотел.