Учебната година да се одлoжи и да почне следната година во септември, предложува микробилогот Никола Пановски откако министерствата за образование и здравство соопштија дека наставата ќе биде со физичко присуство од 1 до 3 одделение а сите нагоре, онлајн. -Особено ќе биде опасно во следните месеци Ноември, Декември Јануари и Февруари па и Март. Децата нема тогаш да излегуваат надвор но ќе се собираат во затворен простор. Ако децата се држат во зимскиот период ќе биде опасно, вели Пановски за Алфа“.
Минатата недела и епидемиологот Драган Даниловски рече дека е можеби најдобро, ако треба и да се жртвува оваа учебна година.
-Не сме ниту Данска, ниту Финска, ниту Шведска… Неприфатливо е Комисијата да препорачува, а МОН да одлучи! Не! Заклучоците на комисијата, артикулирани во одлука на министерот за здравство, треба да бидат закон. Одлуката да ја донесе не МОН, туку Владата, врз основа на предлогот на Министерот за здравство! Не смее да се оди со приодот – да пробаме, па ако треба ќе смениме! Тоа е начин на стекнување знаења се метод на „обид и грешка“. Тоа е најпримитивниот начин на доаѓање до знаење! Разумни суштества учат од свое и туѓо искуство. Не смееме да експериментираме со најдрогоценото нешто – децата! Нашиот подмладок! Ќе останеле децата неписмени? Ќе бидам краток: -Сè може да се надомести, ама здравјето и изгубените животи – не можат!- коментира доктор Драган Даниловски. Датум за старт на учебната година се уште нема.