Стразбур ќе го оценува притворот на Душко Лазаров осуден на 15 години за настаните од 27 април, според правниците една од најапсурдните пресуди во историјата. Неговиот адвокат пред Меѓународниот суд за човекови права Тони Менкиноски, вели дека доколку во Стразбур биде прифатена жалбата на Лазаров, тогаш според закон одбраната ќе побара разрешување на сите судии тука во Македонија.

-Се работи за повреда каде се инфицирани сите судски инстанции. Се работи за повреда на Основниот суд, Апелациониот и Врховниот суд. Почетокот на оваа постапка значи и носење скоро и на одлука. Предметот на Душко Лазаров е почеток на меѓународниот мониторинг и надзор на целокупниот предмет за 27 април, кој го има епитетот на политички предмет, каде постои сосема јасна и транспарентна повреда на правото на правично судење пред непристрасен трибунал, вели Менкиноски за Алфа.

Инаку, Врховниот суд повеќе од пет месеци не одговараше на жалбата за притворот на Душко Лазаров, кој доби драконска пресуда за собраниските настани. Неговата ќерка, Марија Лазарова кажа дека тој е осуден без никакви докази, бидејќи не сторил нешто што не му било обврска. Од семејството на Душко Лазаров велат дека доколку биде прифатена жалбата, тие ќе одат со кривични пријави против судиите, кои одлучуваа за притворот на Лазаров.