Откако беше поднесено обвинение за случајот „Моќник“ предмет на поранешното специјално јавно обвинителство а во кое еден од обвинетите е и актуелниот пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски, со реакција на социјалните мрежи излезе и Милошоски.
Милошоски вели дека секој без разлика дали е новинар, политичар или стопанственик, се соочува со ризикот да биде неосновано обвинет доколку ги разоткрива аферите на кланот Заеви.
- Обвинителството продолжува да биде алатка за притисок на власта кон неистомислениците.
Секој опонент на политиката на кланот Заеви кој ги разоткрива аферите на нивното крими-владеење, без разлика дали е новинар, политичар или стопанственик, се соочува со ризикот да биде неосновано обвинет, со цел да биде заплашен, а политичките прогони служат како параван зад кој ќе се кријат актуелните рекети, афери и организиран криминал на власта.
Но, се ќе има свој крај, вклучително и политичката злоупотребата на обвинители и судии од страна на власта на Заев, стои во реакцијата на Милошоски.