Одговарајќи на новинарско прашање министерот за администрација и информатичко општество во заминување Дамјан Манчевски во однос на ангажманот на административните работници што не беа распоредени на работни места, најави дека согласно со коалицискиот договор за новата Влада е договорен конкретен краток временски период од само неколку месеци во кои би се затворило ова прашање.
Сите нераспределни лица да тргнат на работа, а доколку некој одбива тоа да го направи договорите ќе бидат прекинати, појасни Манчевски, кој на прес-конференцијата се заблагодари на медиумите за соработката во изминатиот период.
Тој е избран за пратеник во новиот сосбраниски состав, а министерската функција во МИОА според предлогот за состав на новата Влада треба да ја врши Јетон Шаќири, кадар на ДУИ.