Иако собраниската седница за избор на нова влада траеше цели два дена, непосредно пред нејзино гласање, претседателот на парламентот Талат Џафери истакна дека еден од пратениците е позитивен на Ковид-19 и за него е обезбедена посебна просторија за гласање според посебен протокол.
„Една информација, според протколот за гласање, еден од пратениците од мнозинството ќе гласа од посебен простор во кабина на горниот кат, пратеникот е внатре според протоколот за заштита од ширење на ковид-19 и нема потреба од паника. Повторувам, преземени се сите мерки и нема простор за паника“, појасни Џафери пред гласањето за новата влада.
Останува нејасно според кои протоколи или одредби во деловникот е спроведено вакво гласање на пратеник, особено што се работи за избор на нова влада која речиси едвај и да има мнозинство.