Проблем врз проблем- се отвораат нови комплицирани ситуации а се ситни периодот кога учениците треба да ја стартуваат учебната година. Власта непрестајно уверува дека се тече како што треба, но еден од проблемите кој ќе биде суштински од 1ви октомври е: што е со хронично болните наставници кои мора да останат дома и може да бидат корисни само онлајн? Како тие ќе работат ако немаат основни средства за електронски предавања?
-Непристојно и неприфатливо е и ние како Независен синдикат ќе се спротивставиме на тоа овие наставници да бидат оставени да работат од дома- а без министерството да им обезбеди основни средства за работа, како што се компјутер, интернет и камера. Ако министерството нема можности , нема пари, тогаш би им препорачале, од оние компјутери што се по министерствата, да им ги дадат на реверс на наставницитите. Ионака голем број од нив се користат за карти играње или поминување на време, вели за Алфа Томислав Гиевски, претседател на Независниот синдикат на образование и наука, за Алфа.
Но не се само средствата за работа, туку и најавениот трансфер на наставници во зависност од потребите на т.н. комбинирана настава. На пример незаконски би било, хронично болен наставник од Скопје во чие училиште нема потреба од онлајн настава - да биде „употребен“ во училиште во друга град од Македонија каде има потреба за тоа. Оттука секој ваков трансфер би бил проблематичен, а во моментот владата нема решенија.Суштината е во тоа што наставниците се под општините, а не под министерството за образование, па за да функционираат евентуалните трансфери ова мора да се промени.
Од ЗЕЛС објаснуваат дека барале од Владата уште кон средината на август ова да се олесни и промени, но одговор немаат. Од МОН за Алфа велат се за работата на наставниците било регулирано во планот за работа за новата учебна година.