-Денеска во името на граѓаните на РСМ судијата Елена Илиевска Јосифовиќ при ОС Скопје 1 му изрече условна осуда на оној кој ми го одзеде сопругот на 32 години, бебето и мене ме остави со тешки телесни повреди!!! Само затоа што признал! Дно дна !!!
Со ваква реакција на социјалните мрежи излезе тетовката Наташа Апостолска која пред две години во сообраќајната несреќа кај млечен ресторан го загубила својот сопруг и нероденото бебе.
Возачот кој ја предизвикал оваа собраќајна несреќа преминал преку две полни линии, сакајќи да сврти во забранет правец. Наташа и нејзиниот сопруг биле на мотор.
Огорчена и гневна на пресудата, Апостолска исто така на социјалните мрежи додава и дека виновникот воопшто не се појавил на судско рочиште.
Со реакција излезе и таткото на починатиот тетовчанец.
На социјалните мрежи се огласи и таткото на загинатиот маж. И тој исто така незадоволен од пресудата вели дека не знам зборови како да ја опише одлуката, а има многу за кажување.
-Пред да ја каже судијката пресудата ме известија дека каква и да биде пресудата треба да останеме смирени бидејќи може да бидеме казнети. Судијката со многу очај кажа оти многу и било тешко да ја донесе оваа пресуда на сите отежнителни и олеснителни околности. Пресудата гласеше не е виновен и ќе биде две години условно осуден. Така што, сега кој е кој? Ние ќе бидеме казнети ако негодуваме, а тој што одзеде животи, што уништи фамилии е слободен. Тоа е нашето судство, обвинителство и цел ланец на судски заврзлами. Не смеам да кажам некој лош збор на Фејсбук бидејќи може да дојдат и да ме најдат за виновен. Сега нека пресуди народот кое судство и која правна држава ја имаме. Не знам што да напишам, а имам многу за кажување. Ама дека нема да биде осуден ниту еден ден, ниту да биде притворен за тешки дела во сообраќајот не можев да верувам. Браво за судиите, Господ на сите нека им пресуди, напиша таткото Зоран на Фејсбук.