Институтот за јавно здравје денеска регистрира 86 оздравени пациент од кои 24 се во Скопје, Куманово-31, Штип-8, Тетово-3, Гостивар-8, Пробиштип-1, Берово-6, Виница-2, Делчево-3.

Починати се три лица, и тоа пациент од Гостивар (41 година) и пациент од Дебар (63 години) кои починале во болница и пациентка од Ресен (35 години) почината вон болнички услови.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 15 090, бројката на оздравени пациенти е 12 235, на починати е 617. Во моментов, се наведува во соопштението од МЗ, бројот на активни случаи во земјата изнесува 2238.