Не сме размислиле да се соединиме со протестите на ВМРО ДПМНЕ, досега. Во недела имаме централен одбор на партијата на кој ќе направиме стратегија како понатаму ќе функционираме, порача гостиварскиот градоначалник и висок функционер на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари во синоќешната емисија „Што не е јасно?“. Според него сепак на локалните избори мора да се настапи со стратегија заедничка со македонската најголема опозиција, за да се одговори соодветно на коалицијата на ДУИ, БЕСА и СДСМ.

-Ликовите во ВМРО ДПМНЕ кои беа спорни за нашата соработка со партијата, т.н. режимски ликови, гледаме дека одработија за СДСМ и Заев и се надвор од партијата, затоа не гледам пречка за соработка со најголемата македонска опозиција, нагласува Таравари.

Во врска со тематските протести за поскапувањето на струјата, тој потенцираше дека фактогравски, не постои ниту една земја во светот која во време на пандемија ја покачила цената на струјата, удирајќи директно врз граѓаните.