Во стручниот штаб Бостон Селтикс очекуваат нивниот кошаркар Гордон Хејворд да се врати за натпреварите во финалето на Источната конференција против Мајами.

Тие очекувања ги сподели тренерот на Бостон, Бред Стивенс.

Мислам дека тој ќе се врати во одреден момент за време на серијата, но не знам кога“, изјави Стивенс. Првиот меч од серијата меѓу Бостон и Мајами е закажан за 15 септември.