Авторот на книгата „Форест Гамп“ – Винстон Грум почина во неговиот роден град Ферхоуп, Пенсилванија, САД. Имаше 77 години. Ова официјално го соопшти и градоначалничката Карен Вилсон.

„Со голема тага ја објавувам смртта на нашиот драг пријател Винстон Грум. Ферхоуп денеска загуби легенда”, напиша Вилсон на Фејсбук.

Романот објавен 1986 година, стана најпопуларно дело на писателот, благодарение на филмот „Форест Гамп“ со Том Хенкс, којшто освои шест Оскари. Книгата раскажува за млад човек со умствена попреченост, кој се издигнува над животот.

Во 1995 година, Грум го напиша продолжението „Гамп и пријателите“. И за него се предвидуваше филм, но тој не беше снимен.


Администратор
18/09/2020 12:13