Во наредниот период ќе формираме заеднички комитет на лозарите и на винарските визби за да направиме долгорочна стратегија за да не не затекнуваат секоја година проблемите со откупот на грозјето, порача од Кавадарци министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Арианит Хоџа.

-Ќе разговараме во тој дел и ќе се обидеме да најдеме најдобро можно решение, рече Хоџа во одговор на прашање по денешната прес-конференција во Кавадарци заедно со кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев.

Прашан дали се точни шпекулациите дека е запленето грозје од Тиквешијата со тешки метали и оти е вратено во земјава, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство посочи дека пред да дојде во Кавадарци службите го информирале дека нема никаков проблем со останатите држави во кои се извезува грозје од Тиквешијата.

-Затоа не верувам дека имаме таков конкретен случај, потенцира Хоџа.


Администратор
18/09/2020 22:10