Според последните податоци, Аргентина регистрира 13.000 нови случаи на Ковид-19, што е рекордно дневно зголемување на бројот на заразени во земјата, која станува ново жариште на заразата во Латинска Америка.

Карантинските мерки во Аргентина, кои сè уште се во сила во поблага форма, првично дадоа резултати, но на 5 септември беа потврдени повеќе од 12.000 новозаразени.

Заклучно со вчерашниот ден, вкупниот број на случаи на Ковид-19 во Аргентина надмина 600.000, а во текот на изминатите две недели, бројот на заразени лица на 100.000 жители беше 332, информира Би-Би-Си.


Администратор
18/09/2020 22:43