Во изминатите 24 часа во Холандија се регистрирани 1.972 нови случаи на коронавирусот, објавија денеска здравствените власти.

Ова е четврти ден по ред со рекорден број на нови случаи.

Податоците за бројот на случаи ги доставуваат локалните здравствени власти низ Холандија, и секојдневно ги објавува Националниот институт за здравство.

Владата на премиерот Марк Руте се очекува подоцна да објави регионални мерки, како забрана за големи собири и порано затворање на баровите и рестораните, како одговор на зголемувањето на случаите на коронавирус.


Администратор
18/09/2020 22:51