Политичкиот аналитичар Арсим Зеколи на својот фејсбук профил на денот кога Бигорскиот манастир одбележува еден милениум од своето постоење, пишува дека манастирот до крајот на Втората светска војна бил под јурисдикција на Албанската православна црква.

- Убави писанија за Манастирот Св. Јован Бигорски (Manastiri Shen Mbiguri), кој преживеа 1.000 години и „случајно изгоре” во 2009, посебно библиотеката и архивата со историски записи. Она што недостасува во овие писанија е фактот што до 1945 бил дел од Албанската православна прква.Плус во него, во Manastiri Shen Mbigurit, секој ноември се прославувал денот на Независноста на Албанија, коментира Зеколи.

Индикативно е што неговите ставови излегуваат во јавноста во период кога Бугарија инсистира на промена на македонската историја, односно прифаќање на нивната теза дека до 1945 година македонска држава и македонски јазик воопшто не постоеле.


Администратор
19/10/2020 02:05