Македонската компанија РКМ ДООЕЛ Скопје која се занимава со трговија на нафтени деривиати, во овие тешки времиња за секој, одлучи да направи хуманитарна кампања со поддршка за децата со посебни потреби.
“Кампањата е во согласност со добрите корпоративни навики, и можноста да се излезе во пресрет на оние кои помошта е најмногу потребна. Нашата компанија ја препозна потребата да се помогне на лицата со посебни потреби особено во овој период на пандемија.” – изјави Ратко Капушевски, сопственик на РКМ.