Ученичката Стефани Исајловска од ООУ „Лазо Трповски“ од Скопје се пласираше во финалето на Меѓународниот литературен натпревар за млади во Токио, Јапонија.

Годинава, на напреварот учествуваа 33 632 ученици од 166 држави, а деветоодделенката Исајловска под менторство на наставникот по германски јазик Стефан Симовски учествуваше со прозна творба напишана на англиски јазик во форма на есеј на темата „Моето писмо од 2030 година“.

Творбата не смееше да содржи повеќе од 800 збора и мораше да биде напишана на еден од странските јазици што се изучуваат во училиштето (германски или англиски јазик).

Финалистите од целиот свет и нивните ментори независно од конечниот пласман добиваат соодветни признанија.

Повеќе информации во врска со натпреварот и наградените млади автори може да најдете на веб-страната на организаторите www.goipeace.or.jp

Натпреварот се одржува секоја година во организација на УНЕСКО и фондацијата ГОИ од Токио, Јапонија. Покровител е министерот за образование, култура, спорт, наука и технологија на Јапонија.