Во Културно-информативниот центар денеска ќе биде отворена изложбата на фотографии „Мизерност на главен град“ на авторката Делвина Крлуку.
– Фотографиите, истовремено го рефлектираат внатрешниот свет на Делвина, толку отворен за другите и различните, отворен за комплицираните теми кои барат многу повеќе од професионално известување: бараат чесност и посветеност, силен социјален инстинкт кој го претвора новинарот и во активист и во уметник – кој суптилно ја бара правдата и еднаквост за сите, се вели во најавата на изложбата.
Ниски куќи, домаќинки, закрпени минијатурни новоградби, откриваат сосема друг град: места за кои е невозможно да се нарекуваат дом, тешко поднесувајќи ја сиромаштијата, дива населба на главниот град.
Не свртувајќи ја главата пред болната тема на социјала, која на новинарот ретко му донесува насловните страници, таа ненаметливо, слично на мува на ѕидот, ги бележи мигови на тага и слабости, нурнува во стравови, во болни загуби и неправди. Гледачот силно го вовлекува во стварност која за просечниот читател или гледач е сосема незамислива.
Но сепак, во тој свет кои во црно-бела фотографија изгледаат речиси опипливо, Крлуку пронаоѓа надеж. Насмевка на самохраниот татко кој децата ги одгледува во куќата без светло, ја разоткрива и карактерот на Делвина. Разоткрива нескршливиот и дава надеж.
– Способната новинарка, која е истовремено и поетеса и писателка станува хроничар на времето на контрасти, хроничар на градот во кој сосема паралелно живеат различни светови. Нејзината фотографија ни ја открива единствениот прозорец во животот на другите, во светот на оние кои околностите ги доведоа до самиот раб на пропаста, истакнува Даниела Драштата, новинарка и уредничка на Хрватска Радио Телевизија за изложбата на Крлуку.
Делвина Крлуку е родена на 1985 година во Дебар, каде што завршува средно образование. Завршила Економски факултет на Универзитет на Југоисточна Европа и магистрирала нa универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје. Предавала на ДУТ и Универзитетот „Мајка Тереза” во Скопје. Била претседател на Друштвото за наука и култура „Јосиф Багери”. Работи како новинар во дневникот „Коха“ (Време). Таа е уредник на списанието „Стожер“.
Досега ги објавила стихозбирките: Муза, Трага, Алтар, Граблив Сон, Стих од Роза, Заливи на осамата; Преговор на нашите денови (раскази); “Татко ми и Титовите кученца” (публицистика); Побледен надеж (книжевни репортажа); Различни со…(интервјуа)
Член на ДПМ и на ДПАМ. Учестувала на повеќе културни и научни средби во земјава и надвор од неа.
Крлуку е добитничка на неколку награди: „Книжевно дело“ за стихозбирката „Стих од Роза“; на поетски фестивал во Призрен (Косово); „Специјалната Награда” на балканскиот поетски фестивал во Корча – (Албанија) ; „Поетски бран”, меѓународен фестивал – Струга; „Книжевен мост” на ДПМ за стихозбирката „Заливи на осамата”; „Абдулзис Ислами„ од Сојуз на литературни преведувачи на Северна Македонија и признание за придонес кон уметноста и културата од Националната галерија во 2018 година.