На неколку локации низ Тетово се поставени нови автобуски постојки, но градот се уште ги нема обезбедено автобусите за долго очекуваниот јавен градски автобуски превоз на патници.
Општината овие станица за чекање на автобускиот превоз ги постави на булеварот Илинденска на потегот од двата универзитети до центарот на градот.
Автобуси се уште нема затоа што трае процесот на јавни набавки за овие возила, појаснуваат од локалната самоуправа.
– Проектот се одвива со три динамики. Првата е поставување на автобуски станици, втората е набавка на автобусите. Третата е нивно ставање во функција.Се надеваме дека проектот ќе се заврши до јануари. Сега се поставуваат автобуските станици во урбаната средина, за што повеќе да им служат на граѓаните. Документацијата е помината на Совет на општина. Автобусите ќе бидат во функција кога ќе се реализира нивната набавка, изјави градоначалничката Теута Арифи.
Во системот за електонски јавни набавки стои известување дека за набавка на урбана опрема и автобуски постојки Општина Тетово има склучено два договори со два економски оператори со вкупна вредност од речиси 2 милиони и 500 илјади денари.
Општина Тетово досега двапати основаше општинско претпријатие за јавен превоз „Тетово транспорт".