Глобалната хипохондрија од пандемијата е тема на седмото Меѓународно биенале на хуморот (Luis D Oliveira Guimaraes) што се одржува во Пенела, Португалија. Меѓу 480 уметници со 1360 дела од 74 земји учествува и македонскиот визуелен уметник Златко Крстески.

Делата се селектирани и публикувани во каталог на 482 страници, проследен со историјатот на современата карикатура на сатиричната графика во Португалија. Манифестацијата е под патронат на претседателот на Португалија.

Крстевски во Португалија се претставува вторпат од 1994 година – кога беше во чест на Лисабон – Европска претстолнина на карикатурата.

На темата „Ковид-19“, уметникот Крстески, заедно со Владо Ѓорески, учествува и на калифорнискиот фестивал на современата уметност „Fluxus Vision 20-20“ во Лос Анџелес каде што учествуваат уметници од над 30 земји со 290 дела.