Во рекордно време, со помош на одговорни општесвени чинители, правни и физички лица, беше изграден и викендов по повод прославата на општинскиот празник, беше ставен во функција дополнителниот модул лоциран во продолжение на Ковид-пунктот во Општата болница во Гевгелија.
-Дополнителниот модул има капацитет од осум до 10 легла кои во борбата против опасниот вирус Ковид-19 ќе им овозможат на вработените и понатаму да опстојат на својата мисија за секојдневна ангажираност и преданост во зачувување на животите на пациентите, рече директорот д-р Митко Крџев.
Крџев изрази благодарност до сите кои со финансиски средства учествуваа во изградбата на овој објект и кои во овие тешки времиња се уште учествуваат во подобрување на здравствените услови во гевгелиската болница.
-Овој објект не само што ќе ги намали турканиците пред Општата болница, туку и значително ќе го подобри квалитетот на давање здравствени услуги на пациентите инфицирани од ковид-19, истакна д-р Митко Крџев.