Имајќи ја предвид актуелната состојба со пандемијата со Ковид-19, ги превзедовме сите потреби активности за непречено одвивање за вакцинацијата против созонски грип.

Дебарската работна единица на Центарот за јавно здравје, која со својата активност ја покрива и Општина Центар Жупа, целосно е подготвена за успешна реализација на имунзацијата против сезонски грип, изјави за МИА епидемиологот Ментор Меља, раководител на единицата.

– Имајќи ја предвид актуелната состојба со пандемијата со Ковид-19, ги превзедовме сите потреби активности за непречено одвивање за вакцинацијата против созонски грип. Имаме определено посебна просторија во објект во близина на нашата единица, кој исто така се наоѓа во дворот на Општата болница, рече Меља.

Според него, се очекува првите 150 вакцини да прстигнат денеска или утре по што веднаш ќе се почне со ваквинација.

– Дополнително ќе добиеме 450 вакцини, кои исто така ќе бидат бесплатни. Наменети се за хронични болни, здравствени работници, лица над 65-годишна возраст, бремени жени и деца на возраст од шест месеци до пет години. Секако очекуваме и комерцијални вакцини, кои чинат по 800 денари, нагласува тој.

Тој посочува дека во просек секоја година во единицата против сезонски грип се вакцинираат по 500 лица, но овој пат се очекува поголем интерес.

Што се однесува до епидемолошката состојба со коронавирусот, тој ја оценува како сериозна. Само во последните десет дена има 40 новозаразени или вкупно до сега 383, од нив битката со опасниот врус ја загубиле 18, оздравеле 293, додека активни на болеста се 72 од кои петмина се хоспитализирани во здравствени установи во Скопје.