Набавени се нови лаптопи за целокупниот наставен и стручен кадар во средното општинско училиште „Ѓорче Петров“ во Крива Паланка.
Одговорните од училиштето информираат дека за само една гоидна со буџетски средства на установата набавени се 70 лаптоп-компјутери.
-Со задоволство може да кажам дека деновиве е извршена набавка на нови 40 лаптоп-копјутери за вработените, наставен кадар и стручни соработници. Ова е втора набавка во период од само една година во нашето училиште, со која е обезбедена комплетно нова соодветна ИТ-опрема за поуспешна реализација на наставата од далечина. Средствата за набавка се обезбедени од сопствениот буџет на училиштето, изјави Габриела Стаменковска. директорка на СОУ „Ѓорче Петров“.
Посочи дека од 1 окотмври досега онлајн-наставата во училиштето се спроведува непречено, во училиштето има соодветна оптичка интернет-конекција.
-Наставата од далечина засега се одвива солидно, без потешкотии, тековно се решаваат сите попатни мали проблеми кои настануваат поради недостиг на електрична енергија или немање интернет-врска кај учениците. Во училиштето паралелно се реалзиира и практична настава за вкупно 131 ученик од сите струки: машинска, електортехничка и угостителско-туристичка струка, додаде Стаменковска.