Во Тетово денеска се одржа средба со цел да се овозможи погребување на починати од Ковид-19 во семејните гробници наместо досегашната куса практика тоа да биде исклучиво само во нови гробни места. Тоа сега е договорено да се прави од страна на претставници на лиценцираните погребални претријатија, МПЦ, Јавното комунално претријатие (ЈКП) и Даријан Сотировски, директор на Комисијата за односи помеѓу верските заедници, кој вчера иницираше постапки и пред надлежните институции.
Сотировски по средбата информираше дека се усогласени ставовите и од денес на семејствата кои имаа починат од Ковид-19 ќе им биде овозможено правото на закоп во старите семејни гробници.
-ЈКП согласно својата евиденција и правилата за закоп на умрено лице кои важеле и претходно ќе утврдат дали во постоечкиот стар гроб има услови за истото односно дали поминало доволно време од претходниот закоп и дали самото гробно место ги дозволува тие услови имајќи предвид дека адекватниот материјал во кој се изолираат посмртни останки од овој вид починати може да бидат погабаритни од вообичаените во зависност од покојникот и од други фактори. Од денес овозможено е ова право, ги повикувам граѓаните на смиреност и воздржаност и ЈКП ќе се вложат согласно тоа што разговаравме, се надевам дека сите ќе си стојат на зборот. Да изнајдат начин во секој поединечен случај да се утврди за тоа и доколку има да биде извршен закопот како што е барањата на покојното лице односно членовите на потесно семејство, истакна Даријан Сотировски.
Според истаканатото на средбата досегашната проценка била на операторите и на ЈКП дека е поизводливо починатите да бидат погребувани само во нови гробни места.
-Сепак мора да се почитува и тоа единстевното правило да се утврди дали во семејната гробница има место и дали поминал доволен период за нов закон. Тоа не е ништо. На средбата беше дискутиравме и за проблеми кои ги имаат и операторите. Се соочуваат со една навистина тешка ситуација како и секој друг бизнис како секој до нас, рече Сотировски.
Во Тетово покрај православните гробишта во градот починатите се погребуватат и на новата локација од 2007 година во правец на селото Фалише.