Во Општина Тетово поставени се автобуски станици за јавен превоз, и покрај фактот дека уште нема автобуси.Овие станици се поставени на неколку локации во градот, почнувајќиод влезот на градот, центарот (основниот суд) до универзитетската улица.
„Ако целиот процес не го завршиме по правиот редослед, не само поставување на станици а не и набавка на автобуси 😊тогаш ја доведуваме во прашање функционалноста на целиот процес. „Нашата тенденција е паралелно да снабдуваме автобуси, да ги комплетираме станиците за чекање и да го ставиме претпријатието за јавен превоз во функција со цел сите да бидат активни до Нова година“, рече градоначалникот на Општина Тетово, но ние прашуваме дали автобуските станици ќе ги дочекат автобусите?
Токму затоа, група активисти од Тетово, поставија автобуси духови пред станиците за чекање, кои ќе им послужат на граѓаните на Општина Тетово се до конечното решавање на овој процес. Акцијата е изработена без никаков директен контакт на членовите на групата, односно е работена етапнo и секвенцијално од страна на различни автори.
Акцијата “За прв пат во светот, автобус дух!”е финансиски поддржана од Фондацијата Отворено општество – Македонија.