Уметникот Љубе Алексовски на изложбата која се одржа денеска во Културно информативниот центар во Скопје донираше 20 ликовни дела на Црвениот крст на Македонија, по повод 75 години од нивно основање.
Генералниот секретар на Црвен Крст на Македонија, Саит Саити се заблагодари на донацијата и посочи дека овие дела ќе заземат свое место во канцелариите и просториите на Црвениот крст, а дел од нив ќе ги подарат на свои соработници и поддржувачи.
-Чест ми е денеска да присуствувам на овој настан каде што со еден долгогодишен волонтер ја презентираме оваа изложба и воедно ќе ги прикажеме сите оние настани кои се доказ за постоење на 75 години на Црвен крст на РСМ. Тука сме денеска да ја прифатиме оваа донација од негова страна, и секако дека овие дела ќе најдат соодветно место во нашето работење. Ќе заземат одредено место во канцелариите и просториите на Црвен крст, секако дел од овие дела можат да завршат и кај дел од нашите соработници и кај дел од нашите подржувачаи, порача Саити.
Тој истакна дека оваа порака е хумана, поддржува вакви настани, а на уметникот Алексовски му посака и во иднина да продолжи со творење, бидејќи како што рече, поддржувачите на Црвениот крст го чувствуваат овој момент на негово творење и неговата хуманост.
– Посакувам и во иднина и понатака да бидете дел од нашето работење и понатаму да творите уште наредни 40 години како и да добиваме од вас секоја година по 20 дела, и секако нашите подржувачи го чувтсвуваат тој момент на вашето творење. Ви благодарам за гестот што го направивте и досегашната поддршка што ја давате во работата на Црвениот крст, додаде генерланиот секретар.
Црвен крст на Македонија денеска одбележува и 25 години од добивањето на статусот полноправен член во Меѓународната Федерација на друштвата на Црвениот крст и Црвената полумесечина.
Уметникот Алексовски одбележува 40 години од свое ликовно искуство. Тој на отворањето на изложбата посочи дека неговото работење со Црвениот крст почнало уште пред 30 години, каде оствариле многу заеднички проекти.
Посочи дека предава 20 ликовни дела кои Црвениот крст ќе ги избере и кои ппнатаму ќе ги подарат.