Во Кавадарци синоќа се одржа културниот настан „Бајка”. Можеше да го следи секој, зашто согласно КОВИД протоколите се пренесуваше онлајн.

-Проектот ,,Бајка” е наменет за сите луѓе, без било какви ограничувања. Како група локални културни сакаме да понудиме светло, уметнички инсталации, музика и игра на еден запуштен простор. Да и дадеме можност на публиката за една невообичаена едукација во класичната музика, преку визуелни ефекти и видео уметност, вели уметницата и координатор на проектот, Симона Манчева.

Во проектот беа вклучени и музичарот Билјана Камчева – флејта, како и Веца Ќимов како програмски асистент. За камера и монтажа беше задолжен Диме Стаменов, за светло и монтажа Виктор Ќимов, додека за звук и монтажа, Ристе Димитров.

Во реализацијата на проектот поддржан од Министерството за култура и копродуциран со ПАРАГОН, учествуваа КСП Подиум Јадро и АТМА СМОНГ Кавадарци.