Локомотива – Центар за нови инцијативи во уметноста и културата ја реализира програмата „Музичка култура“, која опфаќа истражување, контекстуалиација и презентација на музичката култура.

Програмата обединува серија од три настани посветени на тројца современи музички македонски автори од различна генерација, чија работа се движи во линија меѓу светската и локалната-автохтона култура во полето на електронската музика.

Секој настан ќе започне со краток разговор во кој ќе се запознаеме со авторот, неговото творештво и актуелен процес на работа, но и со можностите за креација и настапи на независните музичари кај нас, а особено сега во пандемски услови. Настаните ќе се реализираат во Младински културен центар – кино Фросина, (без публика) а ќе може да се проследат преку директен стриминг пренос во живо преку линк објавен на Фејсбук страниците на Локомотива – Центар за нови инцијативи во уметноста и културата и Младински културен центар, непосредно пред почетокот. Секој настан ќе почне во 19 часот, информираат од Локомотива – Центар за нови инцијативи во уметноста и културата.