Дванаесет европски филмови се прикажуваат во рамки на седмото издание на „Фестивал на тркала“. Фестивалските тркала тргнаа од 12 ноември онлајн на посебна фестивалска платформа на Сinesquare.net и ќе бидат достапни до 19 ноември. Годинава во проширен концепт фестивалот има четири програми: игран филм, документарен филм, посебен фокус на француската режисерка на документарен филм Клер Симон на Меѓународниот фестивал на документарен филм Амстердам (IDFA), како и програма за најмладите. Линк тука.

Фокус играни: 1. Сонот на Катрина (Katrina's Dream) 2. Море од Жито (Mare di Grano) 3. Насмевка (Smile) 4. Гулабот (The Pigeon) 5. Бракот (The Marriage)

Фокус документарни: 1. Каде си Жоао Жилберто? (Where Are You Joao Gilberto?) 2. Крис Швајцарецот (Chris The Swiss)

Фокус Клер Симон: 1. Приемен испит (The Graduation) 2. Младешка самотија (Young Solitude)

Фокус детски: 1. Кариран нинџа (Checkered Ninja) 2. Хакер (Hacker) 3. Улица на надежта (Mercy Street)

Филмските тркала продолжуваат да се движат по патиштата низ земјава овозможувајќи им на децата и на возрасните низ републиката причина за уживање во квалитетен филм од најновата европска кинематографија.

Фестивалот го организира продукциската и дистрибутерска компанија „Катавеј“ од Скопје со поддршка од Министерството за култура на РСМ.