Пред споменикот „Мајкино скршено крило“ во центарот на Скопје, денеска им беше оддадена почит на 57 македонски војници кои го загубија животот во редовите на ЈНА при распадот на поранешна Социјалистичка Федеративна Република Југославија.

– Овие луѓе загинаа во туѓи војски за туѓи интереси, но споменот на нив не смееме да го изгубиме. Треба да се сеќаваме на нивната жртва, затоа што поради нивната смрт во Македонија беше направен силен притисок врз тогашниот државен врв којшто набргу потоа престана да ги испраќа нашите млади волници во редовите на ЈНА, така што нивната жртва не беше залудна. Како Влада минатата година имавме овде делегации и од претседателот и од Владата итн. Годинава поради КОВИД протоколот сметавме дека не е мудро да се собираат луѓе особено ако се земе во предвид дека родителите на загинатите тогаш млади војници се возрасни луѓе , по околу 70 години старост и ваквиот собир можеше да биде ризичен за нивното здравје, изјави Стојанче Ангелов, вд директор на ЦУК и претседател на „Дстоинство“.

Тој информира дека иницијативата што беше најавена минатата година е во тек и се наоѓа кај претседателот на државата, но поради специфичната ситуација со КОВИД 19 се уште не е решавано по неа и се надева дека следната година, која ќе биде јубилејна, на овој ден овие луѓе кој загинаа во 1991 година ќе бидат одликувани.

– Не е прв пат во 1991 година, Македонците гинеа во за нас Македонците туѓи војски за туѓи интереси. И порано во историјата како во Балканските војни, како во Првата светска војна, многу Македонци беа регрутирани во тогаш бугарската армија и загинаа повторно за туѓи интереси, рече Ангелов.