Прилепското инфективно одделене и го реши проблемот со централен довод на кислород за пациентите со Ковид-19. Таму сега се сместени 31 пациент, од кои 20 на кислородна поддршка.

Според директорот на прилепската градска болница, Драган Богојески, тоа е огромно олеснување за пациентите и за медицинскиот персонал да пружат брза и соодветна нега, но сега притисокот се префрла на дневните амбуланти за преглед, тестирање и давање дневна терапија.