СВР Куманово им издало решенија за изолација на 201 лице, од кои 147 на подрачје на Куманово. Четириниаесет решенија се издадени на лица од подрачјето на полициска станица Крива Паланка, и 40 од полициската станица Кратово.Како што информираа денеска од МВР, моментално во изолација на подрачјето на СВР Куманово се 1.320 лица од кои 1.056, Куманово, 168 полициска станица Крива Паланка и 96 Кратово.
-Во самоизолација во моментов се вкупно 1.944 лица на подрачејто на СВР Куманово, од нив во Куманово – 1.620, полициска станица Крива Паланка 263 и полициска станица Кратово 61 лица, се наведува во соопштението на МВР.
Последново деноноќие полициските службеници извршиле 254 контроли кај лица во изолација и самоизолација на подрачје на СВР Куманово и не евидентирале лица кои не ја почитувале мерката за изолација и самоизолација.
-Исто така, постапувано е по Законот за заштита на населението од заразни болести за носење на лична заштита на лицето, при што од страна на СВР Куманово изминатото деноноќие констатирани се 106 прекршоци (ПС Куманово – 69, ПС Крива Паланка 26 и ПС Кратово 11 лица, наведуваат од МВР.