Натфрлен е годишниот план за крводарувања на Црвeниот крст во Кавадарци и во услови на пандемија, информираше денеска претседателот на општинската организација Димитар Каракулев.
– Годишниот план за дарување на крв на Црвен крст Кавадарци е три проценти од вкупното население од двете општини Кавадарци и Росоман и изнесува 1184 единици крв, бројка која е остварена уште во јули. Досега е надмината и бројката од 1700 реализирани единици крв, а до крајот на годината очекуваме да се доближиме до бројката од 2000 крвни единици, нагласи Каракулев.
Во текот на денешниот ден се реализира уште една крводарителска акција во просториите на Граничната полиција, овојпат во организација на Црвениот крст Кавадарци и Македонскиот полициски синдикат при МВР, а ја реализира екипа на ИТМ -Скопје и Кавадарци.