Ракометарите на Еурофарм Пелистер вечерва во спортската сала „Боро Чурлевски“ во Битола не успеаја да го совладаат Кадетен Шафхаузен од Швајцарија и ги поделија бодовите, играјќи нерешено 25:25, полувреме (16:10).

Битолчани добро го почнаа натпреварот во рамки на 3. коло од групата „Д“ на ракометната Лига Европа, постојано беа во водство, во еден момент имаа предност од седум голови разлика, а полувремето го завршија со предност од 16:10.

Во второто полувреме гостите од Швајцарија направија целосен пресврт, во 54. минута од натпреварот поведоа со 24:23, а гостинскиот голман Пилиповиќ беше несовладлив со девет интервенции.

На средбата што заврши со поделба на бодовите, најдобар поединец беше гостинскиот ракометар Шелкер со седум постигнати голови, а во тимот на Еурофарм Пелистер се истакна Мандалиниќ со шест голови.


Администратор
18/11/2020 01:04