Здружението за развој, еколошка етика и едукација „Полимат“ од Богданци во рамки на проектот „Еко разиграна сликовница“ изработи и му подари сликовница „Пчеларска тетратка“ на секое дете од општината – во градинките и на учениците од прво до трето одделение.
–Доколку на децата од најрана возраст им се вкоренат вредности кои придонесуваат за развивање на љубовта кон природата, растенијата и животните, тие ќе се развијат во личности кои кон природата ќе се однесуваат со почит, ќе ја користат како извор на ресурси за живот, но и ќе ја негуваат и чуваат животната средина. Тоа секако е основната цел на проектот, велат од здружението „Полимат“.
Од сликовницата е изработен и видеозапис со толкување на знаковен јазик и на тој начин ќе допре и до децата со оштетен слух на кои, исто така, им беа подарени сликовници и УСБ-стикови со видеото.
Проектот се реализира преку Мрежата за рурален развој, со финансиска поддршка на Шведската агенција за меѓународен развој и соработка.