Целокупната воздушна нисконапонска мрежа на улиците „Народен фронт“ и „Страшо Пинџур“ во Кавадарци се дислоцира во подземни водови, информираат од кавадаречката локална самоуправа.
-Поставени се последните 11 метални столбови од новата мрежа на јавното улично осветлување на улицата „Страшо Пинџур“. Активноста е дел од проектот на кавадаречката општина, во соработка со ЕВН Кориснички центар Кавадарци, соопштиј локалната самоуправа.
Оттаму појаснија дека со овој зафат досегашната воздушна линија целосно ќе биде отстранета и повеќе на ова делница од 2 000 метри нема да постојат старите дрвени бандери и надземните електропроводници.
-Паралено со ова, под земја ќе бидат дислоцирани и водовите на телекомуникациските и кабелските оператори. Општината со овој проект ќе обезбеди современо јавно улично осветлување, зголемена безбедност на електричните водови, како и сигурност за граѓаните, нагласија од Општината.