„Уметноста и дрогата: Стимулирана имагинација“ е книга на авторката Јасмина Котевска којашто вечер ќе биде промовирана во Факултетот за ликовни уметности во Скопје.

Како што посочува во соопштение Котевска, книгата е од областа на историјата на уметноста, со посебен акцент на психоактивните супстанци (опиум, канабис и апсинт) како инспирација и мотиви во светската ликовна уметност од периодот на 19 и почетокот на 20 век.

Авторката Јасмина Котевска е магистер по историја на уметност. Основач е на Центарот за креативни индустрии – НЕБО од Суводол, Демир Хисар. Куратор на повеќе изложби, како и автор на голем број проекти.

Издавач на книгата е Обликовна, Скопје. Печатењето е делумно поддржано од Министерството за култура.