Од денеска почнува виртуелната изложба на уметникот Живко Поповски – Цветин насловена „Заедно по мироносната македонска цветна патека на мирот и пријателството”. Изложбата ќе трае до 31 декември на улица „Македонија“, каде секој ќе може да помине и да се фотографира со уметникот и неговиот цртеж.
Поточно, сите оние на кои Цветин им подарил цртеж со цвеќе во изминативе децении, можат да се фотографираат со цртежот на улица „Македонија”. Потоа, фотографијата да ја изложат на социјалните меидуми, како уште една порака за мир од главниот град на нашата земја упатена до сите држави и нации.
Уметникот смета дека поради услови на пандемија ова е единствен безбеден начин да се оствари изложбата, а да нема групирања. Сите фотографии ќе бидат презентирани на неговата страница на фејсбук.
Изложбата е отворена симболично со цртежот за новинарот Ѓорѓи Ѓоргиевски Ѓе. Ѓе, чија прва книга поезија „Македонијо, гордост моја” ќе биде промовирана денеска, на денот кога се навршуваат 99 години од раѓањето на Блаже Конески.