Три месеци постои можноста комуналните сметки на ЈКП Тетово да се плаќаат преку интернет, но мал е процентот на оние дознале и се одлучиле на ваков начин да извршат плаќање. Од друга страна и понатаму големи се редиците пред банките каде луѓето чекаат за плаќање на сметки меѓу кои и оние за вода и смет на ЈКП Тетово.
-Процесот е нов, граѓаните се уште се запознаваат со можноста и начините на плаќање сметки. Процентот е се уште мал, но се зголемува. Имаме бројка од околу 30-тина сметки секој ден кои се плаќаат до страна на домаќинствата преку страницата. Добрата работа во плаќањето смеки преку интернет е што може да се направи во кој било дел од денот и во деновите од викендот. Самиот процес на плаќање преку интернет воедно ќе продолжи да се унапредува, информираат од ЈКП Тетово.
Плаќањето на сметките е овозможено со внесување податоци и бројки од банкарска картичка на лицето што плаќа. Воедно плаќачот треба да ги наведе бројот на сметката и шифрата, е-маил адреса и слично. Од 19 август кога започна да фунцкионира онлајн плаќањето, ЈКП воедно понуди нова верзија на интернет страницата на која има можност за аплицирање за нов приклучок, за поднесувања на барања и жалби и слично.