Дел од Неготино денеска ќе има прекин во водоснабдувањето поради дефект на улична водоводна линија, информираат од Јавното претпријатие „Комуналец”.
– Станува збор за потрошувачите од улииците „ЈНА", „Марксова„ „25 Мај", „Кирил и Методиј",„Борис Кидриќ", „Пиринска", В„ардарска"„Ѓоко Мишев", „Вано Ташев",„Вељко Влаховиќ", „Едвард Кардељ" „Илинденска", дел од „Ќиро Крстев", соопштија од претпријатието.
Оттаму нагласија дека прекинот во водоснабдувањето ќе биде до санирање на дефектот. Ги замолуваат граѓаните за разбирање и трпение.