Гевгелија не заслужува за Нова Година да не биде воопшто украсена и да остане, што се вели, во мрак па Советот одлучи годинава да направиме поскромно украсување, земајќи ја во предвид лошата здравствена ситуација со ковид пандемијата, порача градоначалникот Сашо Поцков.
Изминатите години за новогодишно украување на градот се трошеа по еден милион денари, а годинава тоа ќе биде направено за само една петина или за околу 230.000 денари.
-Одлучивме да поставиме само една елка во центарот на Гевгелија, а од таму долж шеталиштето, до кај Градската библиотека, ќе го поставиме „ѕвезденото небо” колку да создадеме предновогодишна атмосфера и услови каде децата ќе имаат каде да прошетаат со своите родители и да се сликаат со Дедо Мраз, рече Поцков.
Заштедените 800.000 денари, нагласи Поцков, ќе бидат оставени во буџетот, во ставката за елементарни непогоди и за реконструкција на улици и патишта.
И општина Валандово средствата за новогодишно украсување ќе ги пренамени за потребите на Дневниот центар за децата со попречености.