Претседателот на ДУИ, Али Ахмети, при гостување во емисијата Клик Плус на ТВ 21 ги потврди информациите на албанската опозиција изнесени пред неколку денови во кои тие обвинија дека Артан Груби бил преведувач во озогласената „Жолта куќа“.

Ахмети во емисијата ги потврди овие наводи, истакнувајќи дека Артан Груби бил само преведувач и ништо повеќе од тоа.

Претходно, потпретседателот на Демократската партија на Албанија Еди Палока тврдеше дека премиерот Еди Рама и руското Министерство за надворешни работи се единствените кои сè уште зборуваат за Жолтата куќа во која според повеќе извештаи се правеле операции за вадење органи од заробеници на УЧК за време на косовскиот конфликт.

Палока кој се обраќа до албанската влада која ја води социјалистот Еди Рама вели дека целата шема за измама која била поставена против Љулзим Баша, не успеала.

Додека македонската јавност е во исчекување дали лидерот на ДУИ Ахмети може да биде обвинет за злосторства на УЧК на Косово вториот човек на албанската Демократска партија тогаш за прв пат го спомена првиот вицепремиер во македонската влада Артан Груби како човек кој правел преводи во озлогласената куќа на североисток од Албанија каде се ваделе органи на заробеници од Косово.


Администратор
24/11/2020 01:43