Речиси двесте комплети со сликовни од вчера се наоѓаат во библиотеките на две градинки во Гостивар и Врапчиште.

Од Општинска организација на Црвениот крст Гостивар информираат дека во рамки на соработката помеѓу Црвениот крст на Република Северна Македонија и Светска банка од вчера почна дистрибуција на 198 комплети сликовници за две градинки на територијата на општините Гостивар и Врапчиште.

Сликовници наменети за децата во градинка имаат цел поттикнување на читањето кај децата и на тој начин да се придонесе за нивниот понатамошен развој.

Комплетите со сликовници до градинките „Детска радост“ во Гостивар и „Пранвера“ во Врапчиште ги доставуваа волонтери на Црвен крст Гостивар.