Легендарниот хрватски глумец Шпиро Губерина почина на 87-годишна возраст, во Домот за стари и изнемоштени лица во Загреб.

Губерина е, можеби, најмногу запаметен по улогата на Јохан во „Вело мисто“. Како средношколец, настапувал во комедии и оперети во Националниот театар во Шибеник. Дипломирал 1970 година на Академијата за драмски уметности во Загреб. Во главниот град, бил постојан член на Хрватскиот народен театар од 1958 година, сѐ до пензионирањето 1999 година.

Постигнал голем успех во делата на Ранко Маринковиќ, Иван Брешан и Марин Држиќ. Се појавуваше и во радио и ТВ-драми и серии.

Добитник е на наградата за животно дело „Владимир Назор“, од 2011 година.


Администратор
27/11/2020 15:04